21 October 2021

Нова надеж за Македонија

Локалните избори кои се одржаа изминатава недела на 17-ти Октомври, датум кој ќе остане за паметење ја вратија надежта дека сепак може да се промени нешто, дека оваа безидејност и апатија може да заврши, дека сепак има надеж за Македонија!

Она што со особена гордост можам да го нагласам е фактот што УМС од „мое време“ го порази Зоран Заев и нај деструктивниот состав на СДС во овие 30 години постоење!

Искрено верувам дека довербата која што кандидатите за градоначалници и членовите на градскиот и општинските совети ја добија ќе ја оправдаат и се надевам дека ќе влеат верба во себе, а со тоа и во ВМРО-ДПМНЕ во сите оние кои со доза на воздржаност гледаат на ова.

Би сакал да видам дека слоганот „промени, проекти, победи“ како и „создаваме нова иднина“ се преточуваат на дело за добро на сите нас, но најпрво за свое добро, затоа што „образот лесно се валка но тешко се чисти“!

Не би сакал да должам повеќе, само би навел дека сум убеден во тоа кој ќе биде изборот на скопјани за нов градоначалник на Скопје, кој ќе ја има обврската да биде координатор помеѓу работењето на општините и носител на активностите за претворање на Скопје во една вистинска урбана метропола. Данела Арсовска на 31 Октомври ќе однесе убедлива победа и со тоа ќе стави крај на лудориите на Шилегов, како БРТ односно „трамвај на тркала“ со што планираше булеварот „Партизански одреди“ од три да го намали на две ленти и за сето тоа платиме стотици милиони евра како и ред други бесмислици.

За крај, би сакал да Ве повикам на 31-ви Октомври да го дадете својот глас за Данела Арсовска, да го заокружите бројот 82 и да дадете поддршка за едно поинакво и модерно Скопје.

No comments:

Post a Comment