18 December 2020

Дипломатските грешки на с. Македонија во евроинтеграцискиот процес

Чекав малку да спласне еуфоријата и разочарувањата од т.н. „тешка геостратешка грешка“ со ветото кое Бугарија го стави на процесот за започнување на преговорите на с. Македонија (не нашата земја) и да го изнесам своето скромно видување на процесот и случувањата кои претходеа за да дојдеме до тука!

Ќе го поделам овој текст во три дела за да поедноставно дојдам до поентата!


ДЕЛ I - Хронологија на настаните

Најпрво би сакал хронолошки да започнам со случувањата по ред од формирањето на владата од страна на Зоран Заев на 31 мај 2017тата.

Прв чекор во целиот хаос во затворањето на „македонското прашање“ како главна цел на Заев, а со цел зачленување на Македонија во НАТО и започнување на преговорите со Европската Унија беше потпишувањето на т.н. „Договор за добрососедство“ помеѓу Македонија и Бугарија на 1 ви август 2017тата од страна на Заев и Борисов. На потпишувањето на овој договор му претходеа повеќегодишни преговори помеѓу двете земји кои ги имаше започнато владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, но бидејќи двете страни не отстапуваа од своите ставови околу ревизијата на историските факти, неговото потпишување и ратификација остана да чека „подобри времиња“. И дојде тоа време и се најде „јунакот“ кој ќе го потпише од „македонска“ страна. Заев „го удри парафот“, но како што деновиве ги гледам неговите реакции, мислам дека човекот го нема ниту прочитано, или пак го прочитал ама не го разбрал (што е полошо)!

По ова следеше потпишувањето на т.н. „Преспански договор“ на 17ти јуни 2018та во селото Нивици на брегот на Преспанското езеро од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Заев очигледно не сфати какви обврски наметнува на Македонија со потпишување на договорите, па мислеше дека се ќе заврши со „простата насилна операција“ за преименување на државата во северна Македонија!