23 July 2019

Зоран Заев и Македонската национална историја

Ми требаше да помине еден ден да може да ми се смират емоциите и да не напишам се што ми дојде во тој момент за Зоран Заев, првиот премиер на „Република Северна Македонија“, псевдо државата која ја окупираше и последната слободна Македонска територија!
Да почнам со ред. Заев е креатор и духовен татко на неговото генетски модифицирано чедо, „Северна Македонија“, држава во која според него, има се само не Македонци!!!
Всушност, сите ние сме „Македонци / граѓани на Република Северна Македонија“! Точно! Но тоа е нашата националност! Сите сме „Македонци“ по нација односно државјанство, но ние сме етнички, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи... но не и Македонци!!! Според договорите кои Зоран Заев и Никола Димитров ги потпишаа со Бугарија и Грција, етничките Македонци се дел од модерната грчка нација, а ние тука сме нешто друго, Македонци по државјанство но етнички...?!!!

17 July 2019

Бугарската врска

Информацијата која не го доби заслуженото внимание и анализа е тоа што странски почесен конзул (читај бугарски - Орце Камчев) по пријавата до амбасадата на земјата која ја претставува за обид да биде жртва на изнуда од страна на Боки 13 и Зоки Кичеец ја превзема работата во свои раце и притиска работата да се расветли до крај!
Прашањето е, дали Бојко или деновиве познат како „љубави“ или „хубави“ (кој како сака) го пушта „другар му“ ЗоЌи низ вода?!
Дали на шарлатаниве во политиката ќе им стане јасно дека тука не постојат емоции и пријателства туку само интереси?! Дали Зоран Заев се чуствува како идиот одкако потпиша и продаде се македонско за „другарите“ Борисов и Ципрас да бидат задоволни и сега едноставно е пуштен низ вода?!
Времето ќе покаже како ќе заврши кариерата на Заев, но една работа е сигурна, штетата која тој и неговата хунта ја направи на Македонските национални интереси е ненадоместлива!!!

16 July 2019

Што сега?

Дури и јас, иако претпоставував дека сета оваа фарса ќе заврши скоро, сепак сметав дека тоа „скоро“ ќе биде некаде на пролет!
Конечно отворена истрага за криминалните дејанија, не на Боки 13 и Зоки Кичеец туку како што директно посочуваат сите инволвирани, а и сите ние знаеме Катица Јанева, недопирливата „челична дама“ и глава на Специјалното Јавно Обвинителство.
Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) претставува пара институција на чија дивоградба амин дадоа сите политички субјекти во државата (освен тогашната пратеничка од редовите на СДСМ, Солза Грчева).
Никола Груевски, наоѓајќи се немоќен пред притисоците од западот и верувајќи дека сепак, колку толку ќе добие фер шанса да ја докаже својата страна од вистината која како што самиот тврдеше а и ние од минатата недела се уверивме, се разликува од перцепцијата која т. н. „бомби“ ја создадоа кај обичниот народ даде амин на истото тоа СЈО!
Груевски е индиректно виновен што дозволи да започне т. н. „пржински процес“ и се што понатаму се случи. Мислам дека ни на крај памет не му беше како сето ова ќе заврши и до каде ќе оди лудилото на Зоран Заев и СДСМ и на Катица Јанева и СЈО како негов инструмент и продолжена рака.
И додека многу се надеваа на правда, мал број на луѓе во оваа наша напатена земја беа свесни дека од дивоградба институција небива! Основите на СЈО беа поставени надвор од Уставот на Република Македонија, а такво беше и неговотоделување.
Сега кога е повеќе од јасно дека деновите на СЈО се одбројани, се поставува прашањето „Што сега“?
Сакам да ги поздравам сите „слободоумни граЏани“, следниот пат обидете се да ја видите поголемата слика!

12 July 2019

Гревот на Груевски и Јанкулоска

Во текот на вчерашниот ден искочи целата снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкулоска кој се одвивал веднаш по изборите оддржани во јуни 2011 година.
Од слушањето на целиот разговор се добива сосема друга претстава за сето она што се случувало по убиството на Мартин Нешкоски од страна на Игор Спасов - Спасе.
Имено, јасно се гледа дека премиерот Груевски и министерката Јанкулоска немаат поим за тоа што се случило за време на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ, а шефот на обезбедувањето на премиерот, Дејан Митрески - Урко се обидел да го „спаси“ својот пријател „Спасе“ без знаење на Груевски или било кој од државното раководство и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Од целата снимка јасно се гледа дека единствената вина на Груевски и Јанкулоска е неинформираноста и заблудата во која ги донеле нивните подредени, како и желбата за строго почитување на законите и процедурите за работење во МВР.
Јанкулоска е преоптоварена со тоа што Спасе присуствувал на прославата без било каква писмена наредба, надвор од процедурата за работење на МВР.
Денес, гледаме како без проблем се унапредуваат и поставуваат лица без потребно образование и квалификации надвор од процедурите и за тоа сите си свиркаат и ќутат.
За крај, Груевски и Јанкуловска се виновни единствено за слепото почитување на законите и процедурите за работа, давајќи шанса на т.н. „експерти“ да цветаат за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а притоа запоставувајќи ги лојалните партиски кадри кои воопшто не беа необразовани или непрофесионални туку единственото нешто што им недостигаше е искуството!

Во продолжение слушнете го разговорот па самите проценете:


Целиот разговор помеѓу Груевски и Јанкуловска за Нешковски от rutube_account_7124286 на Rutube

17 January 2019

Зошто ГРК?!

Мислам дека на поголемиот дел од етничките Македонци (не грчки етнички Македонци) не им е јасно што се случува со поимот етнички Македонец, односно Македонец по народност, не по жителство односно државјанство затоа што така сите ќе бидеме Македонци / граѓани на Република Северна Македонија!
Она што е проблематично е фактот дека како што вчера веќе напишав во претходниот текст „Националност - ГРК“ со договорите склучени со Бугарија и Грција, ние стануваме „Македонци“ по државјанство, но не и по народност односно етничка припадност! Ние со овие договори сме некои „Македонци“ на чии дедовци во 1945 година им текнало така да се нарекуваат а пред тоа „биле нешто друго“!!!
Ова јасно се гледа и од фактот што во новите лични карти и пасоши покрај државјанството на кое на сите ќе стои Македонско / граѓанин на Република Северна Македонија (за сите и на нивниот мајчин јазик), ќе има и националност односно етничка припадност за сите освен за Македонците! Сега ќе речете, добро па ние сме тоа! Да, но само по државјанство, а по етничка припадност?! Епа Мили мои, етничките Македонци според горе наведените договори „стануваат“ хеленско (грчко) племе, односно се признава дека т.н. „етнички Македонци“ се инкорпорирани т.е. се дел од модерната грчка нација!
И ако сега речете добро, што тропа овој, еве Ви ЛИНК до денешен текст од ФОКУС па видете како Никола Димитров се правда пред Грците за тоа дека терминот Македонец означува само државјанство но не и етничка припадност!
Јас повторно ќе го повторам својот став, а тоа е дека на следниот попис јас ќе се изјаснам како ГРК, на сите мои лични документи ќе барам да стои дека сум ГРК и ќе продолжам да ги влечам сите Македонски традиции од антиката па до денес!!!

16 January 2019

Националност - ГРК

На новите лични карти и пасоши покрај државјанство (Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија), предвидено е и етничка припадност, но тоа само за малцинствата но не и за „Македонците“.
Ќе речете па ние сме тоа, да но само по државјанство, а по род?! Етничките Македонци со договорите со Бугарија и Грција станаа дел од грчката нација, а ние најгрубо кажано останавме бугари и срби на кои во 1945 година дедовците решиле да бидат Македонци!!!
На следниот попис ќе се попишам како Грк, ќе барам истото да биде запишано и во мојата лична карта и пасош и со тоа слободно ќе имам право да го користам сето Македонско културно наследство од антиката па до денес, а Вие плаќајте казни за користење на знамето со сонцето од Кутлеш!!!