16 February 2008

ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Најверојатно ова е името со кое медијаторот Нимиц ќе го изнесе како финален предлог за решавање на спорот со Грција. И што?! Ова име само подетално го искажува државното уредување со кое моментално е уредено Македонското општество! Доколку во иднина биде променето тоа не значи дека префиксите ДЕМОКРАТСКА и РЕПУБЛИКА не може да бидт променети исто како што до девееста префиксите беа СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА. За ова прашање можете да прочитате и во еден мој претходен пост на следниов линк!!! Mене лично не ми смета, иако ми се допаѓаат мерките што Владата ги предложи во случај на грчко вето на нашиот влез во НАТО, но ако рационално размислувам ова е навистина добро решение иако за мене уставното име треба да биде МАКЕДОНИЈА. Сепак грците привидно ќе ја добијат војната, барем пасок пред своите гласачи, а ние ќе го добиме она што го сакаме!!! Сепак и досега нашите навивачи не навиваа РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, него само МАКЕДОНИЈА, а така ќе продолжиме и понатаму, само што грците ќе немаат право да се бунат и ќе мора под тоа име да не признаат!!! Она што е најважно е тоа што на нив ќе им се случи она што на Македоонија и се случи во 2001-та, а тоа е Македонија ја доби војната, а албанците се што бараа!!!

No comments:

Post a Comment