19 February 2008

НЕЗАВИСНО КОСОВО, ЗА или ПРОТИВ?!!!

Она што ме плаши околу независноста на Косово се можните судири на балистите и четниците и можните последици од тие судири врз Македонија. Сепак она што ми се допаѓа е тоа што најверојатно Косово ќе биде под ембарго од Србија, но и од доста голем дел од светот!!! Тука ја гледам можноста за заработка на Македонија која најверојатно ќе го удвои извозот за Косово! Ме интересира што ќе се случи со Албанците во Македонија за 20 до 30 години, кога Косоварите ќе добијат своја единствена косоварска национална свест и ќе сватат дека се различни нации од Албанците во Албанија?!!! Па и Германците и Австријците се ист етникум, но различна нација! Сепак нема ништо да нагаѓам за која ќе биде определбата на нашите Албанци и ќе оставам времето да покаже!

ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (дел-2) "Од Империја до Република"

Слушам вчера како луѓево околу мене дебатираат дека доколку сме дозволиле да додадеме уште еден суфикс на оној РЕПУБЛИКА односно ДЕМОКРАТСКА тогаш ќе сме дозволиле на Грците да ни ја земат историјата, односно ќе се потврдело дека оваа МАКЕДОНИЈА нема ништо заедничко со АНТИЧКАТА!!! А да ве прашам? Кога во комунизмот се сменило од Народна Република Македонија во Социјалистичка не гледам како се сменил идентитетот на Македонците, а исто така и со осамостојувањето кога Македонија го доби само прфиксот Република!!! Она што не ми се допаѓа е тоа што низ историјата во минатиот век, едни од нај тоталитарните држави во светот го носеа префиксот ДЕМОКРАТСКА!!! Но сепак овој префикс само го покажува државното уредување и не навлага во името (како на пример НОВА МАКЕДОНИЈА кој е предлог што навистина ни ја руши историјата) Некој велат дека ќе не нарекуваат ДЕМОКРАТСКИ МАКЕДОНЦИ!!! Па зарем досега не нарекуваа РЕПУБЛИКАНСКИ МАКЕДОНЦИ?!!! Мислам дека е навистина глупо да се тврди дека предлогот е лош, освен што имам одбивност кон самиот суфикс поради горе наведената причина! Сепак иако Македонците немале своја држава со ова име уште од антиката па се до 1944, сепак идентитетот на народот се одржал! И античка Mакедонија не била РЕПУБЛИКА туку ИМПЕРИЈА, па сепак континутетот е задржан!!!

16 February 2008

ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Најверојатно ова е името со кое медијаторот Нимиц ќе го изнесе како финален предлог за решавање на спорот со Грција. И што?! Ова име само подетално го искажува државното уредување со кое моментално е уредено Македонското општество! Доколку во иднина биде променето тоа не значи дека префиксите ДЕМОКРАТСКА и РЕПУБЛИКА не може да бидт променети исто како што до девееста префиксите беа СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА. За ова прашање можете да прочитате и во еден мој претходен пост на следниов линк!!! Mене лично не ми смета, иако ми се допаѓаат мерките што Владата ги предложи во случај на грчко вето на нашиот влез во НАТО, но ако рационално размислувам ова е навистина добро решение иако за мене уставното име треба да биде МАКЕДОНИЈА. Сепак грците привидно ќе ја добијат војната, барем пасок пред своите гласачи, а ние ќе го добиме она што го сакаме!!! Сепак и досега нашите навивачи не навиваа РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, него само МАКЕДОНИЈА, а така ќе продолжиме и понатаму, само што грците ќе немаат право да се бунат и ќе мора под тоа име да не признаат!!! Она што е најважно е тоа што на нив ќе им се случи она што на Македоонија и се случи во 2001-та, а тоа е Македонија ја доби војната, а албанците се што бараа!!!

14 February 2008

...горите, висојте и по теб херојте Македонијо...

Горите и висовите сеуште стојат, но хероите ги има се помалку, барем оние вистинските! Се повеќе има исфрустрирани типчиња и спонзоруши кои мислат дека бруталната сила и парите се се во животот!!! А што е со моралот?! Што се случува со вистинските семејни вредности?! Можеби тоа се случува затоа што ни е ваква државата или пак таа е ваква затоа што ние сме такви? Јајцето или кокошката? Без разлика на се, ние си продолжуваме да бараме задоволство во другарките на нашит ќерки или пак во нивните другари, зависно од афинитетите!!! Но дали некогаш сме се запрашале како ќе изгледа семејството за еден век или пак многу поскоро од тоа?! Размисли и смени нешто или пак спреми се да се соочиш со последиците од ваквото живеење!

08 February 2008

ПРОТЕСТИ НА...

Протести на стечајците, протести на средношколците, протести на...кој е следен? Ама и добро се координирани!!! Изгледа дека СДСМ нема доволно ветерани па на улица ја вади младината!? А ја има? Сеуште постои СДММ? Се виде! Дури помалку од 150 средношколци се собраа! И тоа 2/3 беа таму за да губат часови! "Провидно" е веќе излитена фраза, така да нема што да се каже. Ама нека им биде, затоа што на секоја здрава демократија и треба опозиција, а како што тргнало малку фали во Македонија таа да исчезне! Рејтингот им е помал од оној на нивниот коалиционен партнер ДУИ, така да навистина е дискутабилно кој би можел да биде Премиер доколку некогаш дојдат на власт, иако засега е веројатно дека тоа нема да биде пред Македонија да прати експедиција на месечина!!!

06 February 2008

А зошто "РЕПУБЛИКА"?

Уставното име на нашата држава е Република Македонија. Република? Уставното име е Македонија, а Република е само државно уредување!!! ПРИМЕР: Јас по убедување сум монархист. Така да ако некој си зел за право името на мојата земја Македонија да биде Република, така и јас имам право да барам државата да ми се вика КРАЛСТВОТО МАКЕДОНИЈА. Лошо звучи? Знам! Иако има многу земји кои префиксот КРАЛСТВО, КРАЛСТВОТО или КРАЛСТВОТО НА, го имаат ставено во своето име, сепак тоа е само тип на државно уредување, што не значи дека не е променливо!!! Тоа што треба да не обединува сите леви и десни, социјалисти и конзервативци, републиканци и монархисти е МАКЕДОНИЈА!!!

05 February 2008

Што сакаше да каже авторот?

Скопскиот плоштад се повеќе почнува да личи како привремено организирано место за панаѓур или пак привремено организирано место за живеење на некое варварско племе, а не на централен плоштад на главниот град на една од најстарите цивилизации во светот. Скопје го губи својот сјај по земјотресот на 26 јули 1963 година, но тоа што потоа се случува во времето на комунизмот кога некои исфрустрирани сељачишта сакајќи да ја донесат иднината што побрзо со некои футуристички градби, трајно го унакажуваат градот и го земаат неговиот дух. И во самостојна Македонија комуњарските наследници продолжуваат да сквернават се што е свето на овој народ па продолжуваат со својата денационализаторска политика не дозволувајќи она што треба да биде срцето на Македонија, нејзиното главно обележја, она што секој турист прво го гледа да се обнови, па продолжуваат да ја опструираат секоја идеја скопскиот плоштад да заличи на нешто Македонско, она што многу помали градови во Македонија го имаат!!! Градот треба да добие монументални градби, треба да го добие офицерскиот дом, не затоа што многу сме носталгични по српското, туку затоа што го личело, треба да го добие новиот музеј со восочни фигури на Македонските херои, да го добие стариот театар, затоа што онаа футуристичка грдосија според мене треба да се минира затоа што е куп бетон и е кич...да добие Црква на плоштадот и за крај треба да ја добие фонтаната со мегаломанска големина во центарот на плоштадот со Александар Велики!!! За крај: преку к.. ми е од купови бетон и стакло, сакам градби што ќе ги личи, а не само набиени футуристички играчки, затоа што Скопје ќе се претвори во првото футуристичко село на 22 век!!!