14 March 2016

Македонија во Третата Светска Војна?!

Не, не е грешка, не е историски текст туку анализа на се што ни се случува во изминатава година!
Се започна со фамозните „бомби“ на црпнатиот од Муртино самопрогласен иден лидер на овој напатен народ, ако може да се нарече лидер на СДСМ, Зоран Заев. Јас на 11 Мај минатата година го напишав текстот со наслов „Каде со тој памет“ во кој наведов дека главната причина за се, ама буквално се што ни се случува е т.н. Турски ток! Вртењето на грб на САД односно на тие чии интереси САД ги застапува (а ќе ги наведам подоле во овој текст) очигледно скапо ги чини сите оние лидери кои се согласија на овој проект и се приклонија кон Русија и Путин! Ердоган, Ципрас, Груевски, Вучиќ, Орбан! Сите овие лидери на земјите низ кои требаше да поминува рускиот гасовод се соочуваат со силни потреси од опозицијата која по правило е финансирана од Џорџ Сорос!
Македонија е најголемата жртва на оваа асиметрична војна, за која мислам дека полека но сигурно го отвора фронтот на Третата Светска Војна!

11 May 2015

Каде со тој памет?!

Во последните две, три години мојата блог страна не ја користам многу, затоа што се што пишувам сакам да биде кратко, јасно и разбирливо и пренесено најдобро што може, па објавувам статуси на facebook или twitter, но мислам дека за ова ќе ми треба малку повеќе.
Во последните три месеци го гледаме Зоран Заев како со разни „бомби“ удри по власта! Што докажа Заев?! Ништо! Министрите ни биле бесчуствителни?! Тоа што некој во недостаток на информации коментира за личност која што не ја знае за вас е проблем?! Како и да е, да се вратам на темата.
До 2011 Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаа поддршка од западните „демократии“  нивните псевдо институции. Од што се состоеше таа поддршка?! Од тапшање по рамо и празна реторика како „само продолжете“, „Македонија е на вистинскиот пат, продолжете со реформите“, „одитево вистинскиот правец“... Абе ние одиме ама каде е целта?!
На Груевски му е како ден јасно дека нити НАТО, нити Европската унија не носат работни места, работни места носат инвестициите, а за инвестиции требаат пари, каде во последната декада се повеќе ги има на истокот одколку на западот. На Груевски не му е битно од каде ќе дојдат инвестициите, битно е да дојдат! Дали капиталот ќе биде, британски, француски, амерички, руски, индиски или кинески, тоа воопшто не е битно, битно е дека ќе има нови работни места!

22 September 2014

Европската унија после референдумот во Шкотска

Референдумот за независност на Шкотска од Обединетото Кралство отвори многу прашања за тоа што би било доколку Шкотска стане независна по 307 години. Најпрво се отвори прашањето што со Обединетото Кралство потоа? Самата Велика Британија се соочува со проблемот на евроскептицизмот во многу поголеми размери од било која друга членка на Европската Унија. Дали по успешниот референдум за независност на Шкотска би следел нов за истапување на останатиот дел на Обединетото Кралство од Европската Унија?! Дали референдум за Шкотската независнот би повлекол цел бран на сепаратистички движења низ Европа, но и низ целиот свет, а како најеклатантен пример се споменуваше независноста на Тексас од Соединетите Американски Држави?!
Најпрво би сакал да нагласам дека за само три месеци поборниците за независност на Шкотска успеаа да анулираат разлика од околу 20% која во јуни ја имаа унијонистите, па така на две недели пред референдумот анкетите покажуваа скоро мртва трка помеѓу поборниците за и против независна Шкотска. На крајот референдумот заврши со 44,7% за и 55,3% против независноста на Шкотска, од вкупно излезените 84,59% од запишаните гласачи.

31 August 2014

Од арапската пролет до Исламската Држава

Изминативе неколку недели повеќето од нас станаа свесни за сериозноста на заканата врз светскиот мир и стабилност која доаѓа од страна на т.н. Исламска Држава (ИД односно IS) или како што претходно се нарекуваше Исламска држава во Ирак и Сирија (ИДИС односно ISIS) и Исламска држава во Ирак и Левантот (ИДИЛ односно ISIL).

Она што ја карактеризира оваа организација и ја прави многу поопасна од Ал Каеда е брзината на нејзиното ширење и собирање на приврзаници, јасните ставови и цели, како и бруталноста кон сите неистомисленици. Она што е малку познато е дека Ал Каеда и ИД се противници, односно огранокот на Ал Каеда познат како Ал Нусра Фронт во Сирија покрај тоа што активно војува против силите на Претседателот Башар ал Асад војува и против ИД! Всушност, ако подлабоко се разгледа состојбата на блискиот исток ќе сфатиме дека „секој војува против секого“!

07 April 2014

Изборот на Скопје

Скопје е град со историја од над 2 милениуми. Во пишаните извори првично се споменува во Римско време под името Скупи или поточно Colonia Flavia Scupinorum, тогаш лоциран по патот за денешно Бардовци, спроти домот за стари лица „Мајка Тереза“ иако  ископувањето на скопското Кале од пред неколку години најде докази дека на тој простор има знаци на живот уште во неолитот.
Скопје низ историјата има многу подеми и падови. По земјотресот во 518 година Скопје се возобновува во Јустинијана Прима. Скопје останува под Византиска власт се до крајот на 13 век кога го превземаа Србите, а во 1346 година Душан Немањиќ е крунисан за Цар и Скопје станува престолнина на неговата империја. Потоа во 1391-та Турците го претвораат во престолнина на Скопскиот санџак се до бурниот дваесетти век кога ги преживува Србите, Бугарите, Германците...